Петар Печков
Објавено: вторник, 04 ноември 2025
Овој месец на репертоарот на велешки театар, се хит претставите за кои се бара билет повеќе. Според објавата на театарот Јордан Хаџи Констатнинов Џинот, Синиот портокал ќе се одгира петок на 7 ноември, Госпоѓа Министерка на 8-ми и 29ти ноември, Вечера за глупаци на 14 ноември а премиерата од претходниот месец Мало невино убиство ќе се одигра три пати, на 11, 21 и 27 ноември.
Ќе се одиграат и претставите кои се на мала сцена, Татко на 12 ноември и Мајка на 25 ноември. Овој месец театарот ќе има две гостувања, на 17 ноември во Сплит Хрватска –Синиот портокал и на 22 ноември во Кавадарци со Госпоѓа министерка.
