Петар Печков
Објавено: вторник, 07 октомври 2025
Четврток вечер, 9 октомври, од 19ч. во Lиковен салон, ќe ce одржи годишен концерт на хорот Св. Кирил и Методиј од Велес. Насловен е „Децата низ боите на музиката“
„Бидејќи музиката може да изрази толку многу од нашите чувства и има толку моќен ефект врз нашите срца, умови и тела, треба длабоко да го цениме овој „совршен дар“ од Бога“ – порача диригентката Веселника Маџарова, која работи со децата члениви. Повеќето се од ОУ Васил Главинов, каде хорот работи и вежба.
На програмата се дела од Тодор Скалопвски, Драган Шуплевски, Запро Запров, Стојан Стојков, и од Пјотр Јанзек, Хугс, Хатефилд.