Велешки театар започна со подготовките за детската претстава „Мачорот во чизми“

Петар Печков

Велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот, по неколку години пауза,  повторно работи на детска претстава. Изминатите денови започнале подготвките  за претставата за деца „Мачорот во чизми“, работена според драматизација на Катерина Момева и режија на Деан Дамјановски.

„Оваа е театарска продукција која е наменета за деца на возраст од 4 до 12 години, а е работена по високо професионални креативни, кадровски и технички услови кои ги нуди сцената на театарот“ – најавија од  велешки театар.  

Во претставата настапуваат актерите: Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Талија Настова, Самоил Стојановски, Кети Борисовска,Благојчо Стојанов, Зорица П. Панчиќ, Слободанка Чичевска и Весна Димитровска . Сценографијата за претставата е на Филип Коруновски, а автор на сонговите и музиката е Сашко Костов.  Истата се работи со средства од буџетот на театарот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати