Велосипедска тура „Здравјето пред се“ за 7 април, Светскиот ден на здравјето (фото)

Петар Печков

Околу 70-тина учесници беа дел до велосипедската тура одржана денес во Велес, за 7-април, Светскиот ден на здравјето. Беше организирана под мотото „Здравјето пред се“  од РЦДСУ Коле Неделковски од Велес. 

Турата беше по релацијата училиштен двор Коле Неделковски, Брако, Трговски, Сармаале, семафорите и назад во училишниот двор. Патеката беше во должина од 5 км и се возеше 25 минути. 

Освен учениците од средното училиште Коле Неделковски со нивните професори, учествуваа деветто одделеници од основните училишта од градот и професорите по спортски активности, како и членови на Здружението „Велес бајкинг“. 

Како поткрепа за учесниците, учениците од угостителската струка подготвија освежување за велосипедистите.

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати