Венко Андоновски по втор пат го добива Рациновото признание

Петар Печков

Годинашен лауреат на највисокото „Рациново признание“ за 2019 година е професорот Венко Андоновски за неговиот роман „Припитомување на кучката – раскази за лудилото“ во издание на „ТРИ“. Така Андоновски по втор пат го добива ова признание, прв пат во 1993-та за ,,Фрески и гротески,,.

Наградата  ќе биде доделена на годинашните 56-ти „Рацинови средби“ што на шести и седми јуни ќе се одржат во Велес.

Одлуката на  тричленото жири ја образложи претседателот на жирито проф. д-р Мишел Павловски.

Збирката е ремек дело во современата македонска книжевност. Во неа има и топлина и пародија, истакна претседателот на жирито Мишел Павловски .Андоновски уште еднаш преку исечоците од животите на своите обични ликови ја слика паланечката култура и свест, тема на која Андоновски со задоволство се навраќа, нагласи Павловски. 

Тој додаде дека во потесен избор за ова високо признание биле три книги, меѓу кои и книги од Ивица Челиковиќ и од Калистрат Санџаковски а за наградата конкурирале шест.

Заблагодарувајќи се за наградата, лауреатот Андоновски рече времето е многу забрзано и ги брише моралните вредности. Според него, Рациновото признание за проза, е највисоко за него, зашто го носи името на Коста Солев Рацин.

Тогаш и сега повторно признанието го добивам за раскази бидејќи расказите влечат кон Велес и има некоја симболика во тоа. „Рациновото признание“ за мене отсекогаш било највисоко признание за проза во земјава поради името на Коста Солев Рацин, јас сум презадоволен и сум пресреќен што повторно сум добитник на оваа највисоко признание, потенцира Андоновски.

Добитник на Почесното Рациново признание, за афирмацијата на македонската култура и јазик во странство,  за 2019 е проф. д-р Милан Јазбец, писател и професор на Универзитетот во Љубљана и актуелен амбасадор на Словенија во нашата земја. Признанието му се доделува за неговата книжевна и преведувачка дејност на неговите книги од словенечки на македонски јазик, како што е неговото дело „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“, како и превод на други македонски автори на словенечки јазик и обратно.

Рациновото и Почесното Рациново признание ќе бидат врачени на свеченото затворање на „Рациновите средби“ на седми јуни во Велес.

Професорот Људмил Спасов истакна дека е многу значајно што на „Рациновите средби“ од лани се враќа симпозиумот со научни теми за делото на Рацин.

Целта како Организациски одбор е да им го вратиме стариот сјај на „Рациновите средби“ со право и почит кон големиот Рацин, да бидат една од трите најзначајни културни манифестации во земјава заедно со Охридско културно лето и Струшките вечери на поезијата, рече Аце Коцевски градоначалник на Велес и претседател на организациониот одбор.

Во рамките на манифестацијата која ќе се одржи по 56-ти пат, годинава четврток и петок на 6-ти и 7-ми јуни,  концерти ќе одржат четврток - етно група „Монистра“ и петок Драган Даутовски трио. Беседата за Рацин годинава ќе биде на проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Споменот на Рацин низ времето - историска изложба за Рациновите средби како и  промоција на книгата „Бели мугри на словенски јазици“ се дел од содржините. На Спомен Костурницата ќе се засадат млади садници во шумата на Рацин.

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

  • на Охридско
  • на Дојранско
  • на Преспанско
  • на Јадран
  • на Црно море
  • на Егејот
  • на езеро Младост
  • на планина
  • дома пред тв и со ер кондишн
  • во Албанија
  • во Турција
  • преку викенд одам до Грција
  • на некој од базените во градов
Резултати