Вино пијам, за 19 секунди

Петар Печков

 Мите Ѓоргиев е победник на натпреварот во брзо пиење вино од шише. Нему му требаше 19 секунди за да го испразни шишето со црно вино од 750 мл  и за тоа добие награда, печено прасе. На натпреварот што се одржа во рамките на првиот ден до питијадата учествуваа пет натпреварувачи а награди имаше и за второ и третопласираниот.

Дали ова е светски рекорд или резултат за Гинисова книга не е познато, но секако го привлече вниманието на бројните гости на манифестацијата. Победникот Мите по завршувањето на натпреварот рече да имало и друго шише за да го испие и тоа  ќе го сторел пред останатите учесници да завршат со пиењето.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

  • да
  • не
Резултати