Петар Печков
Објавено: понеделник, 21 јули 2025
Зголемен е бројот на повици во велешката служба на Итна помош деновиве. Високите температури влијаат врз здравјето на велешани поради. Од Итната помош препорачуваат граѓаните да ги почитуваат советите, како да се однесуваат при високи температури.
„Периодот на високи темеператури и во текот на денот но и ноќта, велешани се повеќе се жалат на покачен крвен притисок но и има бран на стомачни проблеми, дијареја, повраќање. Во работните денови зачестеноста е во вечерните часови, додека преку викенд интервенции има преку ден“ – кажа д-р Александара Димовска од службата за Итна помош.
Повозрасната категорија граѓани не ги почитува препораките во временскиот период кога не е пожелно да изелгуваат од дома.
„Пациентите, повеќето повозрасните не ги почитуваат препораките. Тоа е да не го напуштаат домот, да не одат да пазарат, да не вршат секојдневни обврски. Во овој период од 11 до 17 имаме зачестени интервенции, поединци одат спротивно на препораките“ - вели д-р Димовска.
Препораките се однесува до хроничните болни, сите кои немаат потреба нека не се изложуваат на директно сонце, да носат светла, бела памучна облека, заштитни очила, капа, да се пијат 2-3 литра течности, но не ладни со мраз, туку истечена од чешма, мрсна храна никако да не се консумира и лекарствата да се земаат задолжително, хроничните болни да не излегуваат, да се консумира овошје и зеленчук.
„И малите деца не треба да се изложуваат на сонце и високи температури. Децата на возраст до пет години не е препорачливо да се изнесуваат исто до 18ч. ниту да се изложуваат на директно сонце. Задолжително да имаат заштита на главата, капче ако имаат потреба да ги изнесат. Малите дечиња, бебињата немаат развиено терморегулационен систем. Потоа доаѓаат на лекар, бебето има температура. Тоа не е оти се болни туку дека се изложени на високи температури а немаат сопствена заштита, не можат да се изладат. Затоа треба да се тушираат два пати на ден“ - велат докторите педијатри.