Петар Печков
Објавено: недела, 11 јануари 2026
Попладнево во воздухот во Велес се чувствуа некој силен, досега непочувстуван мирис, кој влијае на респираторните органи. Податоците на мерните инструменти на Министерството за животна средина во Велес, на мерното место во Тунел покажуваат мошне високи вредности на озон, наспроти другите параметри, ПМ10, ПМ2,5, С0, Ѕ02, N02,. Од 15 до 18ч. вредностите биле околу 53 мг/м3.
Според еколошките нормативи концетрацијата од 0,53 mg/м3 за време од 1 час предизвикува смалување на респираторниот капацитет на белите дробови. Поголеми концентрации од овие 0,53 mg/m3 предизвикуваат пулмонален едем, хеморагии и смалување на размената на гасовите преку алвеоларните мембрани. Максимално дозволени концетрации за 8 – часовно делување изнесува 0,22 mg/м3.
Еве што пишува за озонот. Озонот се смета за загадувач на Земјино ниво, иако озонската обвивка во горните делови на атмосферата го заштитува животот на Земјата од штетното сончево ултравиолетово зрачење. Озонот на земно ниво претставува опасност по здравјето, предизвикувајќи респираторни заболувања како бронхитис и астма.
Тој ги надразнува сите патишта на органите за дишење (носот, грлото) и во споредба со ЅО2, многу подлабоко навлегува во белите дробови. Особено ја надразнува слузницата на очите и солзните канали поради што предизвикува солзење.
