Ништо ново и по последната анализа водата од езеро Младост не смее да се користи за капење

Петар Печков

Четвртата проверка ова лето на водата  од акумулацијата езеро Младост на две плажи, покажува  дека е микробиолошки е одлична, а има полоши вредности во однос на физичко-хемиските параметри. Примероците се земени на 19  август, годинава а анлизата е извршена од страна нa стручни лица на Центарoт за јавно здравје Велес. 

Анализираната мостра на вода од Езеро Младост на мерно место, плажа Романтик според микробиолошки индикатори е оценнета за одлична,  а по однос на физичкохемиските параметри  присуство на амонијак 4-та класа, 3-та класа по матност и сув остаток, а по однос на останати испитани параметри е во 2-ра и 1-ва класа.

Градска Плажа, по однос на микробиолошките индикатори е оценета одлична, а по однос на физичко-хемиските параметри одговара на 4-та класа присутна матност и по присуство на амонијак, 3-та класа по сув остаток, а по однос на останати испитани параметри е во 2-ра и 1-ва класа.

„Од извршениот санитарно-хигиенски увид на Езеро Младост се заклучува дека постои видлива пролиферација на алги и појава на пена и голема количина на биомаса-густи, пифтиести, сунѓерасти наслаги со жолто-кафеава боја кои покриваат значителен дел од крајбрежјето на акумулацијата. Водата не смее да се користи за капење и рекреација додека не се изврши испитување од стручна институција која ќе докаже дека во водата нема цијанобактерии и не содржи цијаноткосини“ – пишува во извештајот на Центарот за јавно здравје објавен на веб страницата на Општина Велес.

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати