Висок пораз за ФК Борец од ФК Шкендија во Тетово

Петар Печков

Градски стадион Тетово

судија:  Младеновски Скопје

стрелци: Алими  23`, 30` 67` и  Б. Ибраими 24`

ФК Шкендија:  Захов, Мици, Алими, Б.Ибраими (ж), Тотре, А. Ибраими, Радевски, Морати, Незири, Имери , Чешмеџиев играа и Фазли, Џуниор, Шефити

ФК Борец 1919: Мустафа, Пеев, Стојковски (ж), Ѓорѓиев, Коцев, Прелчец, Николоски(ж), Ефтимов, Гавриќ (ж), Трајановски, Ристовски   играа и Абаз, Лазаревиќ,  Трајков

 

Убедлива победа за домаќинот ФК Шкендија над екипата на ФК Борец 1919,  на натпреварот од 13-тото коло на Првата фудбалска лига, одигран на Градскиот стадион во Тетово. Со хет трикот на Алими и голот на Бесарт Ибраими  тетовци лесно стигнаа од трите бода. Водството од 2:0, уште во 24 минута го скрши отпорот на велешани, кои бргу и лесно се предадоа. Иако во првенството не им оди, имаа само бод повеќе од велешани, актуелниот шампион ФК Шкендија  за сета немоќ во претходните кола, цехот го плати ФК Борец 1919.

Свој ден немаше голманот на велешани  Мустафа кој за разлика од претходните натпревари, кога го спасуваше Борец овој пат кумуваше на високиот пораз. И по ова 13-то коло ФК Борец останува на претпоследното 9-то место со  14 бода.

Во следното, в сабота на Денот на ослободувањето на Велес, 9-ти ноември,  на Градски го пречекува тимот на ФК Македонија ЃП кој е шести со 17 бода.  Натпреварот започнува во 13 ч. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати