Влатко Арсовски од ЗСРРК „Професионaл“ е трет во спортски риболов, дисциплина „пливка“ во Македонија

Петар Печков

Изминатиот викенд, на 27 и 28 април, во организација на Македонската риболовна федерација – МРФ, на акумулацијата Тиквешко езеро на патеката Модри Стени, се одржа третото и четвртото коло од Првата риболовна лига на Македонија во дисциплина „ПЛИВКА“ во категории на сениори, У-20 и У-25.

Кај сениорите поединечно,  бронзениот медал го освои Влатко Арсовски од „Професионал“ Велес. Шампион на Македонија за 2024 година е Илија Томов од “Оскар“ Кавадарци, сребрениот медал го освои Петар Булески од „Свети Апостол Петар“ Охрид.

Со бронзен медал кај натпреварувачи до 25 год  се закити Дамјан Арсеновски од „Бабуна“ Велес, додека првак во  оваа категорија е Антонио Бошковски од „МАК ДАМ“ Куманово, среброто го освои Антонио Еленов од екипата на „Оскар“Кавадарци.

Бронзата за натпреварувачи до 20 години  му припадна на Марко Николоски од „Бабуна“ Велес, додека првак стана Атанасиј Фанковски од „Свети Апостол Петар“ Охрид, сребрен медал освои Мише Митев од „Оскар“ Кавадарци.

Во Првата македонска лига во дисциплина „ПЛИВКА“ во конкуренција на сениори се натпреваруваа 10 екипи, во конкуренција У20 тринаесет натпреварувачи и во У25 пет натпреварувачи.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

  • да
  • не
Резултати