Водата од природната чешма во Башино Село Агенцијата за храна и ветеринарство ја забрани за пиење

Петар Печков

Агенцијата за храна и ветеринарство  ја забрани за користење природната чешма за вода, во Башино Село. Од неа со вода за пиење се снабдуваат и бројни семејства од Велес.

„Поради утврдена неправилност, водата не смее да се користи за пиење, сè до укинување на забраната од страна на надлежниот орган. Ги повикуваме граѓаните доследно да ја почитуваат изречената забрана “ -  соопштија од локалната власт. 

Тие поставија и соодветна табла за забрана. Најавуваат по добивање на официјална потврда дека водата е безбедна за употреба,  ќе ја информираат јавноста. 

Претходно  Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Велес ги објави резултатите од извршената анализа на 24 јули.

„Испитаниот примерок на водата не одговара на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа поради зголемен вкупен број на бактерии во 1 ml. Со оглед дека станува збор за природна чешма која има непостојан квалитет на водата,  истата не може да се смета за сигурен и безбеден извор за водоснабдување на населението. Потребно е да се изврши асанација на објектот и околината и да се воспостави редовна дезинфекција на водата за да може да се користи како вода за пиење“ -  пишува во извештајот на ЦЈЗ Велес. 

Од четирите испитани примероци на вода годинава од оваа чешма среде Башино Село, три биле исправни на  2 јануари, 27 април и 9 јуни  додека последната била  дека водата е неисправна.  Водата за да биде повторно дозволена за користење треба три последователни анализи да бидат негативни.  

Природната чешма во  Башино  Село лани  била испитувана осум пати а три пати била неисправна.  Тоа според стручните лица од ЦЈЗ Велес, покажува дека е со непостојан квалитет и не е препорачлива за користење.

фото Општина Велес

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати