Водата од природните чешми во Бузалково, Раштани, Клуковец и водоводот во Раштани не е за пиење

Петар Печков

Тестирањата на природните чешми во Бузалково, Раштани, Клуковец  и водоводот во село Раштани покажело дека водата не е за пиење и не треба да се користи. Податоците се од Центарот за јавно здравје Велес, примероците се земени на 2 јуни а ги објави Општина Велес. 

Бузалково природна чешма на крај на село 
НЕ ОДГОВАРА на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа поради присуство на колиформни бактерии во 100 ml. Со оглед дека станува збор за ПРИРОДОДНА ЧЕШМА која има непостојан квалитет на водата, истата не може да се смета за сигурен и безбеден извор за водоснабдување на населението. Потребно е да се изврши асанација на објектот и околината и да се воспостави редовна дезинфекција на водата за да може да се користи како вода за пиење

Раштани чешма на крај на село
НЕ ОДГОВАРА на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа поради присуство на колиформни бактерии во 100 ml и присуство на Escherichia coli - индикатор на фекално загадување на водата. Со оглед дека станува збор за ПРИРОДНА ЧЕШМА која има непостојан квалитет на водата, истата не може да се смета за сигурен и безбеден извор за водоснабдување на населението. Потребно е да се изврши асанација на објектот и околината и да се остави редовна дезинфекција на водата за да може да се користи како вода за пиење

Клуковец бушен бунар пред продавница
НЕ ОДГОВАРА на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа заради зголемен вкупен број на аеробни бактерии во 1 ml, најверојатен број колиформни бактерии во 100 ml и присуство на Escherichia coli - индикатор на фекално загадување на водата. Потребно е да се изврши асанација на објектот и околината и да се воспостави редовна дезинфекцикција на водата за да може да се користи како вода за пиење

Раштани водовод 
НЕ ОДГОВАРА на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа заради зголемен вкупен број на аеробни бактерии во 1 ml, најверојатен број колиформни бактерии во 100 ml и присуство на Escherichia coli-индикатор на фекално загадување на водата. Потребно е да се изврши асанација на објектот и околината и да се воспостави редовна дезинфекција на водата за да може да се користи како вода за пиење.

фото интернет

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати