Возачите на тешки камиони наместо по автопат возат по ново рехабилитираните регионални патишта и ги оштетуваат

Петар Печков

Возачите предупредуваат дека рехабилитираниот регионален пат Велес - Градско, за кој имаат пофални зборови за квалитетот, може за бргу време да биде оштетен. Тие како причина ги посочуваат тешките камиони кои наместо, по автопат ја користат оваа делница.

„Со затоплувањето и повисоките температури, асфалтот ќе попушти под тежината на камионите, кои натоварени со  земја, руда, метал, ќе го оштетат  коловозот. И пак се ќе биде по старо за кратко време“ - реагираат возачите, најчесто од Градско, кои патуваат до Велес на работа.   

Директорот на ЈП Државни патишта, кој заедно со министерот за транспорт и врски беше на увид на оваа делница вели дека, ваквата состојба не е само на рехабилитираната делница Велес - Градско, туку и на сите ново завршени изминатиот период.  

„Возачите на тешки камиони ја злоупотребуваат состојбата и наместо по автопат, возат по овие рехабилитирани патишта.  Затоа ги разгледуваме сите законски можности да ставиме ограничување на товарните возила, да не ги користат  овие регионални патишта. Тие се изградени за населението од околните места кои живеат покај патот во тие региони“ - вели  директорот Ејуп Рустеми, одговарајќи на новинарско прашање.  

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС РАСПИША ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА 50 ПОРОТНИЦИ

Основен суд Велес, врз основа на чл.38 ст.3, чл.42 и чл.43 од Законот за судовите и Одлуката бр.02-2158/1 од 10.12.2015 година на Судски совет на Република Северна Македонија (Сл.весник на РСМ бр.219/15 од 14.12.2015 година), а во врска со потребата од избор на судии поротници поради истек на мандатот, на ден 12.07.2024 година, го објавува следниот:

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ја пиете водата од природните чешми и бунари?

  • да
  • не
  • како кога
Резултати