Петар Печков
Објавено: петок, 20 јуни 2025
Четвороцикл со две лица, излетал од пат патниците минале со тешки и елсни повреди. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 19.06.2025 околу 19.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат село Извор, општина Чашка-Прилеп, после крстосница за село Јасеново, четирицикл управуван од Д.Н.(40 год) од Велес, излетал надвор од коловозот“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37 год) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
„Кај возачот се извршени снимања и констатирани се скршеници на три ребра. Утрово по препорака на доктор, упатен е на натамошен третман во скопските клиники“ – кажа др- Ванчо Граматов, портпарол на велешка болница.