Петар Печков
Објавено: сабота, 24 јануари 2026
Ноќеска по полноќ во близина на СИМПО, кај возач од Свети Николе било констатирано дека управувал возило во алкохолизирана состојба. Повеќе во информацијата од велешката полиција.
„На 24.01.2026 во 01:35 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода З.Р.(44 год ) од Свети Николе. При сообраќајна контрола на улица „11 Октомври“ во Велес, сопрено било патничко возило „мазда“ со кумановски регистарски ознаки кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,72 промили алкохол во крвта“ – соопшшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол ан СВР Велес.
Возачот бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него полицијата ќе поднесе пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.
