Петар Печков
Објавено: понеделник, 26 јануари 2026
Млад мотоциклист е прогласен за виновен и парично казнет, затоа што откако со мотор се искачил на врвот Солунска глава, тој го фотографирал воениот објект и тоа го објавил на тик-ток.
Настанот се случил летото, на 12 јуни лани, кога обвинетиот неовластено направил фотографии и снимки, додека со неговиот крос мотор се возел во близина на објектот кога се доближил, видел дека тоа е воена база и со телефонот направил фотографии од воениот објект и базата и ги споделил на социјалната мрежа Тик Ток.
Со тоа обвинетиот сторил кривично дело „Неовластено влегување во воени објекти и правење слики или цртежи на воени објекти и борбени средства“. Изречена му е парична казна од 300 евра, во денарска против вредност.
фото принтскрин видео
