Петар Печков
Објавено: петок, 16 јануари 2026
Велешките пожарникари гаснеле запалена кујна од стан во населба Нова населба, карши касарната. Интервенирале со две возила. Деталите од информацијата на ТППЕ Велес.
„На 14. Јануари во 14:30 примена е дојава за запален стан во комплекс К2 . Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со две против пожарни возила и пет пожарникари спасители. По пристигнување на лице место од наша страна пожарот е ликвидиран. Благодарение на брзото пристигнување и брзата интервенција пожарот е спречен во кујната во станот и не е дозволено негово проширување“ – соопштија од ТППЕ Велес.
