Петар Печков
Објавено: вторник, 06 јануари 2026
Од билтенот на СВР Велес, за изминатито деноноќие, три инциденти кои се случија на Коледе.
На 06.01.2026 во 02:15 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Д.Ј.(25) од Велес, затоа што на улица „Крсте Мисирков“ во Велес, агресивно се однесувал кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. . При преземање мерки, кај него биле измерени 1,60 промили алкохол во крвта. Д.Ј. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветнипријави.
На 06.01.2026 во 00:40 часот, во СВР Велес е пријавено дека на улица „8 Септември“ во Градско бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.Ф.(57), Е.Ф.(32) и 53-годишната Т.Ф. од една страна и С.Ф.(37), 42-годишната Ф.Ф., М.Ф.(61), Е.Ф.(42) и 39-годишната Н.Ф. од друга страна, сите од Градско. По документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 06.01.2026 во 03:10 часот, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода Р.П.(43) од Градско, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од домот со остар предмет и упатувала закани на 37-годишната Д.М. од Градско. Исто така, било пријавено дека со тврд предмет оштетила прозорци од куќи сопственост на Т.Р.(37) и К.Р.(42), двајцата од Градско и им се заканувала со остар предмет.Предметот бил пронајден и одземен. Р.П. била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвините и по целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
