Возило удрило во пешак кај Штипска клучка и го усмртило, а возачот побегнал

Петар Печков

Понеделникот наутро пешак починал откако бил удрен од возило, чиј возач побегнал. Настанот се случил на исклучокот од автопат, од правец на Гевгелија при вклучување за Велес.  Починало лице од село Мамутчево, кое во текот на ноќта заминало од дома. Обвинителството издало наредба за обезедување на траги и докази, кои треба да го идентификуваат возилото и возачот.  

„На 5 октомври околу 05:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на автопатот Градско- Велес, на место викано „Штипска клучка“, патничко возило удрило во пешакот С.М.(77 год) од село Мамутчево, велешко, по што возачот со возилото го напуштил местото. Од здобиените повреди пешакот С.М. починал на местото, а лекар констатирал смрт“ – информира Ана Милевска Ѓеоргиева, портпаролка на СВР Велес.  

Екипа на службата за итна помош била повикана на местото на несреќата, можела да констатира смрт кај пешакот, со бројни повреди по телото. 

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати