Во Богомила, Теово и Согле пуштени 116 вакцини „Синовак“

Петар Печков

Теренската вакцинација за жителите на поширокиот велешки регион, продолжи и денес. Се вакцинираа лица  од селата на Азот, Теово, Согле и Богомила. Прва доза вакцина за заштита од ковид-19 примиле 116 лица, Богомила 69, Согле  8 и Теово. 39.

Со ова вкупниот број на вакцинирани со теренска вакцинација во велешко е 476 за 21 населено место, во период  од седум дена. 

Утре, среда  теренската вакцинација ќе се изведе во три  села на Азот, Бистрица, Нежилово и Ореше. Со ова завршува теренската вакцинација  во Општина Чашка а од четврток продолжува во Општина Градско.

Од утре среда продолжува  теренската вакцинација во Општина Лозово, со посета на селото Ѓуземелци.  За потсетување неа ја извршуваат екипи на Здравен дом Свети Николе, кои пред десетина дена пуштаа вакцина во Лозово и ја примија првата доза 42 лица. 

При теренската вакцинација се пушта  „Синовак“.

Поврзани »

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати