Учениците од Гимназијата најдобри на општинскиот натпревар во прва помош, кај основците од ОУ Блаже Конески

Петар Печков

Екипата на Гимназијата Кочо Рацин е победник на Општинскиот натпревар во прва помош додека кај основците најдобри беа учениците од ОУ Блаже Конески. Натпреварот годинава се одржа по 48 пат, се случуваше во дворот на Гимназијата. Учествуваа сите четири средни училишта и сите шест основни училишта од Велес.

„Екипите составени од по шест ученици работеа на три пунктови. Оценувањето го извршија судии, сите со  големо искуство со првата помош и општинските натпревари. Согласно освоените поени и квалитетот на изработените повреди, беше констатирано дека оваа година екипите под водство на нивните ментори покажале завидно знаење и ја промовираа првата помош “ – соопшти д-р Кевица Шопова Клифова претседател  на ОО на Црвен Крст Велес.

Учениците од Гимназијата же учестуваат  на регионалниот натпревар по прва помош кој на 10-ти мај ќе се одржи во Гевгелија,додека за основците не се организира државен натпревар.
 
Освен трите пунктови каде се покажуваше знаењето по првата помош, имаше и два пункта кои беа од рекреативен карактер. Таму се играа забавни игри за ментално здравје и се вршеше дисеминација за Црвениот крст.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати