Во Велес и велешко нема сомнителни случаи на корона вирус, има лица во домашна изолација

Петар Печков

Надлежна за следење на состојбата со корона вирусот во Велес и велешко и соседните општини Чашка и Градско е епидемиолог д-р  Билјана Трајкова од Центарот за Јавно здравје Велес. Изминатите денови бројни се јавувањата на нејзиниот телефон, на лица кои сметаат дека треба  да контактираат и да се пријават  заради сомневања од вирусот.  

Сомнителни случаи на корона вируси нема, а имаме повеќе случаи на  лица кои се во изолација. Од овие лица кои се во изолација, некои се од 10 до 14 дена,  и привршуваат со доамшниот карантин. Имаме други кои се по 6-7 дена во изолација, тоа се возачи кои се вратиле дома. Кај нив нема никакви симптоми, но мора да мине периодот од две седмици изолација. Изненадена сум колкумина биле во странство овој период и покрај заканата на корона вирусот - изјави за ТрМр примариус  д-р Трајкова. 

Според министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, во Велес и велешко нема лица кои се во изолација а да се под полициско обезбедување. 

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати