Три годишно девејче од селото Мелница каснато од змија додека седело на тераса од домот

Петар Печков

Во саботата на 8 август три годишно девојче е каснато од змија, додека седело на балконот од семејниот дом во селото Мелница.  Информацијата ја потврдија од велешка болница. Детето било итно пренесено во оваа здравствена институција,  од каде било префрлено на  Детска клиника во Скопје. 

„Девојчето на 3 годишна возраст е донесено од нејзините родители на 8 август  во пладневните часови на Инфективно одделение каде е даден податок дека детето дошло во контакт со змија која го каснала на третиот прст од десната шака. Според родителите кои ја фотографирале се работело за отровна змија. Девојчето било стабилно, без никакви тегоби но во консултација со педијатар и комуникација со Детска клиника Скопје, детето било трансферирано таму со наше возило и медицинска придружба каде е задржано за да се следи состојбата“ – соопшти д-р Анамарија Џунџева, портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати