Во Велес и натаму висока активност на заболени со грип

Петар Печков

Велес и натаму бележи висока активност на заболени со грип, според Институтот за јавно здравје. Во втората седмица на годинава, од 5-ти до 11-ти  јануари, во Велес има регистрирано 111 случаи, во првата седмица имаше 109 случаи.  

Од Институтот за јавно здравје кажаа дека нема да препорачаат одложување на почетокот на вториот дел од учебната година. 

Заболените лица се пријавени се случаи во  Скопје – 556, Тетово – 308, Куманово – 266, Охрид – 202, Прилеп – 127, Велес – 111, Кавадарци – 109.  Во пет Центри за јавно здравје  Дебар, Охрид, Македонски Брод, Кавадарци и Неготино се бележи многу висока активност, во четири Велес, Тетово, Куманово и Штип – висока активност. Оваа седмица има и еден смртен случај, прв оваа сезона, на жена на 75 годишна возраст од Скопје, која не била вакцинирана, и имала коморбидитети. 

Од ИЈЗ препорачуваат -да се избегнува собирање и престој во простории каде престојуваат повеќе луѓе, особено да се избегнува близок контакт со луѓе кои се болни или сомнителни – кашлаат, киваат, имаат покачена телесна температура, често да се мијат рацете со вода и сапун или дезинфекционо средство, да се загреваат просториите за престој и често да се проветруваат, препорачливо е топло, слоевито облекување, топли бањи. да се пијат топли напитоци (чаеви и супи), овошни цедени сокови, вода со лимон, да се земаат свежи продукти богати со витамини и минерали, најдобро овошје и зеленчук кои му се неопходни на организмот. Особено се пожелни продукти богати со витамин Ц  цитрони, лимони, портокали. Доколку не се располага секогаш со свежи прехранбени продукти, може да се користат и мултивитамински напитоци и препарати. 

Што доколку се разболете од грип? Следете ги следните препораки:  останете дома и не одете на работа, во училиште или на места каде има многу луѓе, одморајте се и земајте многу течности и лесна храна, избегнувајте блиски контакти со лицата со кои живеете, не примајте посети додека сте болни, покријте го носот и устата со шамивче при кашлање и кивање. По употреба, фрлете ги во корпа за отпадоци, практикувајте често и темелно миење на раце со топла вода и сапун, користете влажни марамчиња кои содржат алкохол или средство за дезинфекција на рацете, избегнувајте допирање на очите, носот и устата со раце, често проветрувајте ја просторијата каде престојувате додека сте болни, одржувајте ја чиста вашата околина – предмети, површини со средства за хигиена на домот, ако сте над 65 години или имате хронични заболувања, или доколку симптомите на болеста се влошуваат или траат повеќе денови – побарајте лекарска помош.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

  • што поскоро да ја заборавам
  • ги помнам само убавите моменти
  • постар/а сум за една година
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши работи
Резултати