Во Велес според Институтот за јавно здравје, состојбата со грип е со висока активност

Петар Печков

Во текот на првата седмица на 2026 година, Велес е во врвот на градовите во Македонија според грип.   Од 18 Центри за јавно здравје  во Велес има регистрирано 109 случаи, со што е четврти град, после  Скопје со 716 случаи , Тетово 339, Куманово 150 а Штип – 60. 

Според бројот на жители и бројот на заразени со грип,  Институтот за јавно здравје констатира дека во Велес и Тетово има висока активност, средна активност се регистрира во Скопје, Куманово и Штип. 

Се забележува значително зголемување на бројот и инциденцата на заболувања слични на грип на неделно ниво. Во текот на првата недела од 2026 година, за првпат во сезоната е регистрирана средна активност на грипот на национално ниво. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има регионална географска активност на вирусот на грип. Процентот на позитивност е над границата од 10% четири недели со ред. Согласно овие податоци, во Македонија има висок интензитет на вирусот на грип, со очекување на понатамошно зголемување на активноста во наредниот период“ – констатираат од Институтот за јавно здравје. 

Од ИЈЗ препорачуваат -да се избегнува собирање и престој во простории каде престојуваат повеќе луѓе, особено да се избегнува близок контакт со луѓе кои се болни или сомнителни – кашлаат, киваат, имаат покачена телесна температура, често да се мијат рацете со вода и сапун или дезинфекционо средство, да се загреваат просториите за престој и често да се проветруваат, препорачливо е топло, слоевито облекување, топли бањи. да се пијат топли напитоци (чаеви и супи), овошни цедени сокови, вода со лимон, да се земаат свежи продукти богати со витамини и минерали, најдобро овошје и зеленчук кои му се неопходни на организмот. Особено се пожелни продукти богати со витамин Ц  цитрони, лимони, портокали. Доколку не се располага секогаш со свежи прехрамбени продукти, може да се користат и мултивитамински напитоци и препарати. 

Што доколку се разболите од грип? Следете ги следните препораки:  oстанете дома и не одете на работа, во училиште или на места каде има многу луѓе, oдморајте се и земајте многу течности и лесна храна, избегнувајте блиски контакти со лицата со кои живеете, не примајте посети додека сте болни, покријте го носот и устата со шамивче при кашлање и кивање. По употреба, фрлете ги во корпа за отпадоци, практикувајте често и темелно миење на раце со топла вода и сапун, користете влажни марамчиња кои содржат алкохол или средство за дезинфекција на рацете, избегнувајте допирање на очите, носот и устата со раце, често проветрувајте ја просторијата каде престојувате додека сте болни, одржувајте ја чиста вашата околина – предмети, површини со средства за хигиена на домот, ако сте над 65 години или имате хронични заболувања, или доколку симптомите на болеста се влошуваат или траат повеќе денови – побарајте лекарска помош.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

  • што поскоро да ја заборавам
  • ги помнам само убавите моменти
  • постар/а сум за една година
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши работи
Резултати