Во Велес теренски се бараат и вакцинираат невакцинирани деца

Петар Печков

Bo  тек е Европската недела на имунизација 19–25 април 2026, кој  се одбележува по 20 пат во Европскиот регион на Светската Здравствена Организација. Годинашното мото е „Заштитуваме генерации, вакцините делуваат“, или придружете ни се оваа недела за да помогнеме во заштита на генерациите што доаѓаат. Во Велес ќе се работи теренски. 

„Акцентот на нашата служба оваа недела е на теренската вакцинација.  Или пронаоѓање на досега непријавени, нерегистрирани деца, тн. фантоми, кои се без документи. Тоа опфаќа домашна посета на  пациенти кои се евидентирани кај нас, кои и покрај многуте покани и повици упатени до нив, не се јавуват на вакцинација“ – кажа д-р Марина Тодоровска, педијатар раководител на службата за предшколска вакцинација на деца при ЈЗУ Здравствен дом Велес.  

Минатата година во велешко, Велес заедно со општините Градско и Чашка се бележи опаѓање на  имунизацијата на предшколските деца, откако во 2024 година, по епидемијата на магарешка кашлица имаше висок одѕив. 

„Генерално најголем проблем имаме во градската средина. Тука има родители кои не се одѕиваат не ги носат своите деца на вакцинација а при посета на домашна адреса тешко или не контактираат со нас. Од друга страна, семејствата кои се во ранлива категорија, социјални случаи, се многу отворени, стапуваат во контакт со  нас.  Соработуваат, се радуваат на нашите посети, имаме позитивно искуство и добар резултат со вакцинацијата“ – дополни д-р Тодоровска. 

Од СЗО објаснуваат дека со децении, вакцините безбедно ги штитат луѓето, семејствата и заедниците и продолжуваат да ја чуваат иднината на човештвото. За време на оваа седмица на Европска имунизација, СЗО Европа  се фокусирани  на четири приоритети.

Заштита низ генерации-  истакнување на долготрајното влијание на вакцинацијата и животите што се спасуваат со текот на времето. Поддршка на здравствените работници- опремување на здравствените работници со вештини и алатки за јасна и емпатична комуникација, за семејствата со прашања или сомнежи. Подобро разбирање- поттикнување на разбирање кај пошироката јавност за безбедноста и ефикасноста на вакцините за донесуваат одлуки врз основа на проверени информации. Зајакнување на довербата- заедничка одговорност да ги заштитиме идните генерации преку правичен пристап до вакцинација.

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати