Во Велес уапсено лице кое било барано со три потерници

Петар Печков

Четвртокот попладне, велешките полицајци уапсиле лице од Валандово, кое било барано со три потерници за отслужување казна затвор.  Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 24 октомври во 16.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ѓ.П.(57 год) од Валандово, кој бил баран по три централни потерници врз основа насудски наредби за издржување вкупна казна затвор од две години и шест месеци за сторени кривични дела „измама“. Исто така, лицето било барано и по неколку локални расписи, исто така, поради сомнение за извршени кривични дела измама“ - информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Ѓ.П. бил спроведен во Казнено- поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на затворската казна.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати