Петар Печков
Објавено: четврток, 13 февруари 2025
Со првата читачка проба започнаа подготовките за премеирата на претставата „Госпоѓа министерка“, дело на Бранислав Нушиќ, a во режија на Синиша Ефтимов, кој во 2021 година на сцената на велешки театар ја постави претставата „Четири соби“.
Носечката ролја на г-ѓа министерка ја толкува Зорица Панчиќ, која годинава одбележува јубилеј - 30 години професионална актерска дејност.
Во претставата ќе играат актери од помладата генерација на велешкиот анасмбл -Талија Настова, Симона Димковска, Славица Манаскова, Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Исидор Јовановски, Благојчо Стојанов, Стефан Николовски, Филип Христовски, Кире Ацевски. Сценографијата е на Мартин Манев, а костимограф е Илина Ангеловска.
Премиерата на претставата „Госпоѓа министерка“ се најавува за 27 март, светскиот дeн на театарот и со неа треба да започне програмата од фестивалот „5ре“.