Манчевски и Крлевски наградени на меѓународен фестивал во Струмица

Петар Печков

Двајца велешани со награди на  Меѓународниот фестивал на карикатура и афоризам „Струмица 2025“.Меѓу наградените се најдоа и Атанас Крлевски за афиризам и Миле Манечвски за карикатура.

Фестивалот се одржа во рамките на „Струмичкиот карневал“ кога беа доделени наградите за најдобрите карикатури и афоризми за годинашното 26-то издание.

Наградата за сет од 10 афоризами која ја доделува Организациониот одбор на Струмичкиот карневал ја доби афористичарот Атанас Крлевски, а карикатуристот Миле Манчевски доби Бронзена плакета за карикатура.

Во категоријата Карикатура, Златната плакета ја доби Иваило Цветков (Бугарија), Сребрена плакета – Олех Хутсол (Украина).  Во категоријата Афоризам, Златна плакета ја доби Јово Николиќ (Босна и Херциговина), Сребрена плакета – Зоран М. Јовановиќ (Србија) и Бронзена плакета Мирослав Средановиќ (Србија).

Годинашното жири кое одлучуваше за наградите го сочинуваа: Владица Миленковиќ од Србија како претседател и членовите Ацо Ѓоргиев, Александар Филев, Иван Јовев и Ана Димоска.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати