Фестивалот на античка драма Стоби може да се одржува во театарот на локалитетот, но со ограничен број на публика

Петар Печков

Потврдено е дека на локалитетот Стоби во тамошниот Театар може да се одржуваат театарски претстави, содржините од фестивалот на античка драма Стоби: Од НУ Стоби која се грижи за локалитетот велат може, но бројот на публика треба да е ограничен.

„Може да има присуство на публика, но треба да зборуваме за колкава бројка. Не може како во минатото  неколку илјади гледачи. Сега театарот е конзервиран, но треба сите мерки за претпазливост  за безбедноста на публиката, организаторот треба да ги преземе“ – кажа Гоце Павловски археолог од НУ Стоби. 

Организатор на фестивалот   е велешкиот театар „Јордан хаџи Константинов Џинот“ и за него има обезбедено средства од Министерството за култура, преку годишната програма за работа на оваа национална институција. Засега од таму нема информација каде ќе се одржи фестивалот, но беше најавено дека ќе биде во периодот септември-октомври. Десетина години откако трае реконструкцијата на објектот, фестивалот на античка драма Стоби се одржува на сцената на велешки театар. 

На реконструираниот дел од театарот вратени се мермерните седишта, Театарот бил изграден, во 2 век а постоел до 4-тиот. Капацитетот бил околу 7.600 гледачи, каде имало и крвави борби на гладијатори. Hа седиштата има врежани фамилијарни и индивидуални имиња  од реномираните граѓани на Стоби, кои  секогаш имале резервирани места.

фото НУ Стоби

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

  • да
  • не
Резултати