Во Чашка одржана крводарителска акција, собрани 24 крвни единици

Петар Печков

Крводаритeлска акција беше реализирана во населба Чашка, на која беа дарувани 24 крвни единици. Од нив петмина биле првократни дарители, лица кои за прв пат дарувале крв  и станаа дел од најхуманото семејство во државата.

Акцијата се одржа по повод 21 Август – Денот на Општина Чашка, која оваа година одбележува 30 години, јубилеј од своето постоење. 

Организаторот на крводарителската  акција, Општинската организација на Црвен крст Велес,  ја оценува како успешна. Таа е  реализирана заеднички со  Институтот за трансфузиона медицина, и со  поддршка од  ОУ „Тодор Јанев“ каде се одржа. 

Ова е втора од двете крводарителски акции кои се одржуваат секоја година во населба Чашка.
 
За в недела е закажана големата летна крводарителска акција, која се одржува во Велес, годинава по 34 пат. Овој пат во терминот  од 9 до 15ч. во фоајето на велешки театар. 

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати