Во велешки театар се подготува претставата „Слуга на двајца господари“

Петар Печков

Во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во тек се подготовките на најновата театарска продукција „Слуга на двајца господари“ од италијанскиот автор Карло Голдони, во адаптација и режија на Ненад Витанов.

„Слуга на двајца господари“ е една од најпознатите и најпопуларни комедии во историјата на светската драма и театар, напишана во 1746 година како типична комедија дел арте. Дејството е сместено во Венеција, а во основата на комедијата се актерската импровизација и бурлеската со кои се карикираат личности од сите општествени слоеви 

„Слуга на двајца господари,, се издигнува над површното ниво на едноставно карикирање на типизирани ликови сведени на општи драмски места, туку станува длабока општествена и критична, а понекогаш и цинична драма, која низ смеа ги провоцира и прашува гледачите за стварноста во која живеат“-потенцира режисерот Витанов

Во претставата настапуваат актерите: Самоил Стојановски, Славица Манаскова, Зорица П. Панчиќ, Кристијан Саздовски, Симона Димковска, Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Талија Настова, Благојчо Стојанов, Весна Димитрова Бобевски, Кица Ивковска и Јордан Витанов, сценографијата за претставата е на Филип Витанов, костимите на Катерина Чукниева.

Ова е трета продукција од годинашната програма на театарот поддржана од Министерството за култура, а премиерата од театарот ја најавуваат кон крајот на месец октомври. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати