Во крводарителска акција во Градско собрани 99 крвни единици

Петар Печков

Успешна крводарителска акција во Градско, реализирана во неделата 10-ти  август. 

„Крводарителите од Општина Градско одново се потврдија како едни од најхуманите во државата. Тие на летната крводарителска акција даруваа вкупно 99 крвни единици. Петмина од дарителите даруваа за прв пат“ – кажа Орце Николов, секретар на Општина Велес.

Крводарителската акција се одржа во просториите на Домот за култура „Крсте Петков Мисирков“ во Градско. Заеднички ја реализираа Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. 

Ова е втора акција во 2025 година, на првата даруваа 96 крводарители.  Третата се одржува за денот на Општина Градско, во декември.

фото:ФБ ОО Црвен крст Велес

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати