Во крводарителска акција во ОУ Блаже Конески собрани 17 крвни единици

Петар Печков

Успешно е реализирана крводарителска акција во ОУ Блаже Конески.  По повод патрониот празник, се одржа традиционалната крводарителска акција која се реализира 17 години. Собрани се 17 крвни единици, од нив едно лице за прв пат дарувало крв. На истата даруваа вработените во училиштето и родителите на учениците.

„Со голема хуманост и чувство за заедништво, по повод патронатот на нашето училиште, успешно реализирана крводарителска акција. Настанот обедини вработени, родители и граѓани кои преку својот хуман гест ја покажаа важноста на солидарноста и грижата за здравјето и животот на другите. Патронатот го одбележавме на најхуман начин – дарувајќи живот“ – соопштија од училиштето.

Крводарителската акција е релизирана Општинската организација на Црвен крст Велес и Институтот за трансфузиона медицина. 

Фото ОУ Блаже Конески

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати