Во лето регистpирано загадување на воздухот со ПМ 10 честички, незабележано досега

Петар Печков

Изминатата седмица,  од седум во пет дена во Велс беа измерени повисоки вредности на ПМ10 честички во воздухот. Вакво нешто ен се помни дека се случило среде лето.  Највисока вредност е измерена во средата кога изнесувала  77 микро-грами на м3.

Ова се вредности кои ги покажува апаратот на Министерството за животна средина. Но освен повисоки вредности на ПМ 10 честичките, другите во истиот период се ниски, тоа се однесува на ЦО и СО2. Тоа уште повеќе ја збунува јавноста  во градот.

Но не само во Велс, ПМ 10- честичките во вредност над дозволените имаше и во  Кавадарци, Гостивар, Карпош, Тетово, Кичево, Куманово, Битола,Кочани, Струмица..

Или во цела Македонија. Големата концентрација на прашина во воздухот делува неповолно на здравјето на граѓаните. Збунети се и во Државниот инспекторат за животна средина.

Директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска, за Дојче Веле, објасни дека тоа е резулат најверојатно на топлотниот бран којшто ја зафати земјата и енормната количина на прашина којашто се чувствува во воздухот.

„На пример во Кочани се забележуваат многу високи вредности, загадување какво што не е забележано ниту кога се палат стрништа. Очигледно е дека ова не е локален проблем, туку е резултат на бранот од Сахара“, вели Петровска.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ќе гласате на локалните избори, закажани за 17-ти октомври?

  • да
  • не
  • уште не сум одлучил/а
Резултати