Во локалното дерби на Третата лига Југ висока победа за ФК Борец над ФК Тополка

Петар Печков

Во локалното дерби во Превалец, ФК Борец со високи 0:7 славеше над ФК Тополка. Во крушевски Пресил, екипата на ФК Башкими играше нерешено со домаќинот ФК Бучин. ФК Превалец беше слободен. Ова беа резултатите од третото коло. Во следното четврто, конечно играат сите четири екипи од ОФС Велес. 

ФК Превалец- ФК Младост 1930 (Кривогаштани-прилепско)
ФК Башкими – ФК Росоман
ФК Венец (Долни Дисан неготинско) – ФК Тополка
ФК Млекар (Мало Коњари прилепско) – ФК Борец 

Се одигра првото коло на Општинската фудбалска лига Велес. Постигнати се следните резултати.

ФК Врановци -  ФК Форца нова 3:0. 
ФК Согле - ФК Раштани 5:0. 
ФК Младост -  ФК Локомотива 4:2
Слободна беше екипата на ФК Горски 

Во третото коло на Втората фудбалска  лига жени, ЖФК Борец  играше во Битола, со Конзули јунајтед и загуби со висок 17:0. Во следно коло во Велес игра со ФК Плачковица, која како и велешанки немаат ниту еден бод.  

фото архива ТрМр 

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија)
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати