Во наредната учебна година, во прва година средно, во Велес има 1011 слободни места

Петар Печков

Министерството за образование ги објави слободните места за упис во прва година во средните училишта. Во Велес, четирите школи имаат можност за запишат 1011 ученици во 30 одделенија, од кои три се со настава на албански јазик. Деветто одделение во велешко завршуваат  617 ученици. Во  Велес  464,  Градско 33,  Лозово  18 и  Чашка  102 ученика.

Најмногу 399 слободни места има во УСО ,,Коле Неделковски кои ќе посетуваат настава во две струки машинска и електротехничка  со по пет одделенија. Машинската струка има места за 161 ученик во насоките машински техничар и  машинско- енергетски техничар, техничар за компјутерско управување и машински техничар за моторни возила,  техничар за производно машинство  и на албански јазик за машински техничар. Сите се со настава по четири години и за автомеханичар/заварувач со настава на три години. Во електротехничката струка има место за  170 ученици во насоки за електротехничар за компјутерска техника и автоматика, електротехничар за електроника и телекомуникации, електротехничар -енергетичар и на албански јазик за  електротехничар за електроника и телекомуникации, сите со настава од пои четири години. Во сообраќајната струка еден клас за техничар за транспорт и шпедиција со четири години настава и за угостителско - туристичка струка еден клас за готвач/келнер со настава од три години. 

 Во Хемиското училиште ,,Димитрија Чупоски,, има 238 слободни места во седум паралелки. Во хемиско - технолошка струка - 102 ученици, 3 паралелки - прехранбен техничар и како новина техничар за заштита на животна средина со по четири години образование и  месопреработувач  3 години. Во здравствена струка - 102 ученици има  3 паралелки -медицинска сестра и фармацевтски  техничар со по четири години образование и  болничар- негувател со 3 години. Останува струката за   лични услуги една  паралелка техничар за козметичка нега и убавина со четири годишно образование. 

Во Гимназијата ,,Кочо Рацин,, има 204 слободни места  во чест паралелки, од кои една е на албански јазик. И годинава таму нема да има истурена паралелка од Спортската Академија. 

Во прва година Економско  ,,Јовче Тесличков,,  ќе се запишат 170 ученици во пет паралелки со настава на македонски јазик економски техничар две паралелки,  бизнис администратор , правен техничар сите со по четири години настава и за  продавач- референт за продажни услуги насока  која е со  три  години настава.

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања, две пријавувања во месец јуни и едно пријавувања во месец јули.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 17 и 18 јуни 2019 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 19 јуни 2019 година.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2019 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2019 година.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 1 јули 2019 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 2 јули 2019 година.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати