Петар Печков
Објавено: понеделник, 17 ноември 2025
Првото градско одбојкарско дерби ја наполни салата на ОУ Блаже Конески. Играа женските екипи на ОК Виола волеј и ГОК Борец жени. Победи постариот лигаш ОК Борец со 0:3 ( 17; 15; 18). Двете екипи настапуваат во Втората лига, каде се натпреваруваат ОК Борец по пауза од 15 години а ОК Виола волеј за прв пат од 13 годишно постоење. Останува забележано дека овој натпревар привлече неколку стотина гледачи, бројка на која можат да им завидат и фудбалерите на Борец. По седум кола ОК Борец е 8-ми со 6 бода а ОК Виола волеј е 10-та со 4 бода. Лигата брои 12 екипи.
Машката екипа на ОК Борец победи во Тетово против ОК Универзитет со максимални 0:3 (22:17.22). Со оваа победа од петтото коло велешани се 3-ти со 11 бода. Во следното коло велешани играат дома со ОК Весна од Пробиштип која е 9-та со една победа, средба која ќе се игра за седум дена, понедленик со пренос на МРТВ.
Во петото коло од Првата кошаркарска лига, КК Борец баскет ја забележа втората победа, славеше над КК БУтел со 93:83 а гостите досега немаа пораз. По оваа радост велешани се 4-ти со две победи и два порази со 6 бода. Во следното коло повторно играат дома, со екипата на КК Спортисимо од Кавадaрци, која досега нема победа.
