Петар Печков
Објавено: петок, 01 август 2025
Испитувањата Центарот за јавно здравје Велес, на водата од водоводот во село Караслари, покажала вредности дека не е за пиење. Испитувањето е извршено на 14 јули, на место водовод кај продавница и „водата од водоводот во Каласлари не одговара на законските прописи за безбедност заради отсуство на резидуален хлор, и потребно е да се врши редовна дезинфекција, за да може да се користи за вода за пиење“.
Од Општина Велес, која оваа информација ја објави на нејзината веб страница, соопшти дека за таа цел ќе се изврши итна дезинфекција за да може да се користи како вода за пиење.
Ниту водата од природната чешма кај црквата и среде село, во Караслари не е за пиење, поради зголемен број аеробни бактерии и присуство на ешерихија коли, индикатор на фекално загадување. Се препорачува водата и од двата извори, да се преврива за да се користи за пиење
Извршена е контрола и на неколку природни чешми во околината на Велес. Бојаџиина чешма, Петрова чешма, каде има присусуство на ешерихија коли индикатор на фекално загадување и присуство на аеробни бактерии. Стручните лица од ЦЈЗ Велес препорачуваат водата да се преврива за да се користи за пиење а околината на чешмата да се изврши асанација.
Водата од чешмата Второ кладенче не одговара за пиење, поради зголемен број аеробни бактерии.
Водата од ул. Љубљанска, која се води како црква е со зголемен број аеробни бактерии, колиформни бактерии и ешперихија коли – индикатор на фекално загадување.
Водата од природната чешма на ул. Тодор Јанев на рид, и од природна чешма извор на ул. Тодор Јанев бр.75 има зголемен број аеробни актерии и приуство на ешерихија коли – индикатор на фекално загадување.