Ненад Дејаноски нов командир на Полициска станица Велес

Петар Печков

Едногласно со 17  гласа од 17 присутни, за  командир на Полициска станица Велес, советниците го избраа Ненад Дејаноски.Тој има завршено Правен факултет на универзитетот Св Климент Охридски Битола се дооусовршувал на Славјанскиот универзитет во областа на Кривичното право

Дел од биографијата  на Ненад Дејановски, новиот командир на 25 годишно работно искуство во сферата на безбедноста. 

Кариерата ја започнува како подофицер во АРМ 
2000 до 2002 работи во Гарнизонот Велес притоа активно учествува во воените дејствија во 2001 како дел од втората пешадиска бригада за одбрана на град Скопје 

Од 2002-2005 извршува работни задачи во гарнизонот Кичево

 Во 2005 ја започнува својата кариера во МВР на работни задачи во граничната полиција 
-2005-2014 работи како дежурен полицаец во Полициска станица за граничен надзор Жировница, 
-2014-2015 работи како полицаец во полициска станица за граничен надзор и граничен премин Џепиште
-2015-2018 работи како Раководител на смена во полициска станица за граничен надзор и граничен премин Џепиште
-2018-2020 Извршува задачи во полициска станица од општа надлежност Велес како сменоводител и лице за прихват
- 2020-2021 Извршува задачи во полициска станица од општа надлежност Неготино како сменоводител и лице за прихват
- 2021-2023 Извршува задачи во полициска станица од општа надлежност Велес како сменоводител и лице за прихват
-Од 2023 до февруари 2025 вршел должност помошник командир за јавен ред и мир во полициска станица од општа надлежност Велес 
- Од фебруари 2025 со наредба е назначен за Командир на полициската станица Велес.

Предлози на Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, како кандидати, покрај Дејаноски беа Лазе Даљанков и Мирфан Вејселовиќ.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати