Петар Печков
Објавено: петок, 19 септември 2025
Во тек е дератизацијата на подрачјето на Општина Велес, таа е втора годинешна. Се спроведува како мерка за заштита на населението од заразни болести. Се извршува под надзор на стручно лице од Центарот за јавно здравје Велес.
„Дератизација се врши два пати годишно, ќе биде опфатена површина од 150.000 м2, односно сите јавни површини во градот, како и двата брега на реката Вардар, од Башино село до компанијата „Агриа”. По спроведена постапка за извршување на овие активностите избран е операторот ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ Кавадарци“ – соопштија од Општина Велес.
Од локалната власт потенцираат дека препаратот кој се користи за дератизацијата е селективен, од сертифициран производител и ја третира популацијата на глодарите. Со одобрение од Министерство за здравство на Република Северна Македонија, за употреба во јавната хигиена, не преставува опасност за останатиот животински свет.