Во третиот уписен рок во прва години запишани 36 ученици

Петар Печков

Во третото пријавување и запишување на учениците во четирите средни училишта во Велес, во прва година се запишаа 36 ученици.

Најмногу 17 во Економското Јовче Тесличков 17, па сега вкупниот број на запишани ученици во прва е  50 ученици а имаше 170 слободни места.

Во Гимназијата Кочо Рацин примени се 16 ученика од нив пет настава на македонски и 11 на албански јазик. Или вкупно во ова средно училиште во прва има примено 144 од 204 слободни места, од нив на македонски се 111 и 33 на албански јазик. 

Во Хемиското училиште Димитрија Чуповски примени се два ученика во прва или вкупниот број е 146. Таму уште во првиот уписен рок се пополнети паралелките за медицинска сестра и за фармацевт а имаше 238 слободни места. 

Во Коле Неделковски примен е еден ученик во третиот уписен рок, со што бројката на запишани во ова средно училиште е 197.  Освен за готвач/келнер сите други струки имаат слободни места. Во ова училиште имаше слободни 399 места.

Или од планираните 1011 слободни места во прва година, пополнети се 532 места. Годинава деветто одделение во седумте основни училишта во велешко завршија 464 ученици, а заедно со општините Лозово, Градско и Чашка  617.

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

  • да, за нив секогаш имам време
  • имам многу обврски, тешко се наоѓа
Резултати