Во трите крводарителски акции во средните училишта собрани 76 крвни единици

Петар Печков

Реализирано е пролетното  доброволното дарување на крв  во средните училиште во Велес. Во Гимназијата учениците, професорите и вработените дарувале 10 крвни единици. Причина за одѕивот е што тој ден учениците заминале на обука за матурата, па немало ученици од завршните класови кои може да даруваат крв. 

Најуспешна беше таа во „Коле Неделковски“ каде беа 35 крвни единици.  Во Хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ биле собрани вкупно 31 крвни единици.

Во Економското училиште Јовче Тесличков поради малиот број на матуранти, кои можат да даруваат крв, ваква акција не се одржува неколку години. 

Или вкупно во трите крводарителски акции во средните училишта, учениците, вработените и професорите дарувале 76 крвни единици.

Вакви акции се организираат напролет и наесен.
Во ланските есенски беа собрани 79 крвни единици а пролетта 90.

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати