Во холот на театар саем на винили, на грамофонски плочи

Петар Печков

Денес, сабота и утре недела во холот на велешки театар се одржува  саем на винили. За прв пат во Велес се продаваат грамофонски плочи на организиран начин, како и ЦД. Тоа е дел од содржините на 5-тото издание на Фестивалот на џез, вордл и современа музика.  На изненадување  на јавноста, најголем интерес за плочите покажуваат младите, тинејџерите.

„Идејата е да се комуницира на музички план, да се разменуваат искуства, продаваат плочи за љунбителите на музика. Најногу ме израдува што гледам тинејџери, млади лица, матуранти, студенти кои покажаа  најголем интерес,  момент кој ме возбуди. Очекував дека ќе биде присутна постарата , повозрасната популација. Позитивно сме збунети дека малите буричкаат по овие плочи, ги бараат омилените албуми.Знам дека има многу грамофони во градот и тие не се корситат многу, но новој интерс ме демантира“ – рече музичарот Сашко Костов, кој е дел од органзиација ана фестоватлот  преку здружението Арт генератор. 

Имаше петмина изложувачи, со винилни изданија кои нудеа и понови и постари грамофонски плочи. 

Претходно како Арт генератор имало претходно вакво случување, но од помал обем во просториите на Европската куќа во Велес.  Утре недела на пладне во 12ч. на платото пред Спомен костурницата ќе се одржи забава со настапот на ДЏ Ненад Стефановски со македонски евергрини и шлагери, со дружење и опуштена атмосфера, коj се одложи од денес, сабота, поради дождливиот ден. 

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати