Во 12 коло на Општинската фудбалска лига се одигра само еден натпревар

Петар Печков

Во 12 коло на Општинската фудбалска лига се одигра само еден натпревар. Играа ФК Локомотива од Градско и ФК Горски, победи домаќинот со 3:0. Вториот предвиден натпревар помеѓу ФК Бузалкова и ФК Форца нова не се одигра откако гостите најавиле дека не  можат да соберат доволно фудбалери за средбата, па е регистриран со 3:0 за домаќинот. ФК Форца нова најавува дека ќе ги продолжи натпреварите во Општинската лига. Слободни беа  ФК Младост, ФК Тополка и ФК Врановци. Во следното коло играат: ФК Локомотива- ФК Младост, ФК Горски – ФК Тополка, ФК Форца Нова – ФК Врановци. Слободни се екипите на ФК Чашка и ФК Бузалкова.

Се одржа седница на Управниот одбор на Општинскиот фудбалски сојуз на Велес, кој започна со минута молчење и сеќавање на голманот на ФК Борец Зоран Паунов. Меѓу позначајните точки е одредување на пописната комисија, која треба да го изврши долго очекуваниот пресек на состојбата во ОФС Велес, до денот на преземање од страна на новото раковдоство, кое се случи во средината на март, многу подоцна откако беше избрано но Изборното собрание.

Викендов се играше второто коло од лигата на ветерани на Одбојкарската федерација на Македонија, во Струмица. ОК Борец требаше да игра со ОК Спортист од Струмица, но домаќините не се појавиле, откако се откажале од натпреварите. Во трите одиграни натпревари ОК Струмица – ОК Прилеп 2:0, ОК Скопје – ОК Гевгелија 2:0 и ОК Шкендија – ОК Тетово 1:2. Следното трето коло не е одредено во кој термин и во кој град ќе се игра.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати