Времен сообраќај до понеделник напладне

Петар Печков

Поради одржување на манифестацијата „Велешка Питијада“ на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес во периодот од 08:30 часот на ден 05.10.2017 година па се до 12:00 часот на ден 09.10.2017 година, сообраќајот времено се преуредува и тоа:

 Улицата „Благој Ѓорев“ е затворена за одвивање на сообраќај на потегот од Трговскиот центар до крстосницата формирана од улиците „Благој Ѓорев“ и „Љубљанска“ (кај Црквата Св.Ќирил и Методиј).

Поради тоа сообраќајот од трговскиот центар ќе се пренасочува кон улица „Борис Трајковски“,  додека пак на потегот кај новиот кружен ток „Авона“ автомобилите кои доагаат од улица „Тодор Јанев“ ќе  можат да го користат кружниот ток за излез на улица „Тодор Христов Офицерчето“ (поранешна „Народен фронт“) и “Лазо Осмаков“.

Сообраќајот од  улица „Љубланска“ кон „Благој Ѓорев“ ќе се одвива во една насока се до Театарот  „Ј.Х.К. Џинот“  од каде што продолжува како двонасочен сообраќај. Поради тоа предупредуваме на внимателно возење заради стеснување на улицата од левата страна.

Улицата „Наум Наумовски Борче“ (пред ЕВН) е затворена за сообраќај, а ќе има можност за користење на паркинг просторот одреден во ССОУ Гимназија „Кочо Рацин“ и паркинг-просторот од зградата на ЕВН.

Улицата „3-та Ударна Кумановска Бригада“ е затворена за сообраќај од крстосницата формирана од улиците „Наум Наумовски Борче“ и „3-та Ударна Кумановска Бригада“ (кај „Круг“) до крстосницата формирана од улиците „3-та Ударна Кумановска Бригада“ и „Тодор Христов Офицерчето“ (кај пешачкиот мост).

Сообраќајот на улица „Алексо Демниевски-Бауман“ на потегот од семафоризираната крстосница до крстосницата формирана од улиците „Алексо Демниевски“ и „Благој Ѓорев“ (кај Пошта) ќе се одвива во две насоки. Сообраќајот во две насоки ќе се одвива и од крстосницата формирана од улиците „Благој Ѓорев“ и „Васил Ѓоргов“ (зграда на театар  „Ј.Х.К. Џинот“) па се до крстосувањето со улица „8-ми Септември“ .

Времениот режим на сообраќај ќе се одвива според поставената хоризонтална и вертикална сигнализација, како и знаците кои ги даваат униформираните полициски службеници. Поради тоа се молат сите учесници во сообраќајот строго да ги почитуваат правилата и прописите заради нормално и безбедно одвивање на сообраќајот.

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com