Врнежите од град го уништија родот на раноградинарските култури во велешко (видео)

Петар Печков

Четвртокот попладне во околината на Велес падна град, кој го уништи пролетниот род. Настрада пред се раниот зеленчук во селото Караслари, додека градот кој падна во Горно Оризари оштети фолии. На Градскиот пазар во Велес градинарите од Караслари ги пренесуваат впечатоците од вчерашното невреме.

 „Уништен е родот на спанаќот, марулата, младиот кромид и младиот лук, но и на овошките, цреши, вишни, кајсии. Сета мака која ја вложивме ни отиде“ – велат жителите од Караслари, кои иако беа на пазар, со мислите беа на нивните обработливи површини. Врнежи од град беа забележани и во селото Кочилари, каде има овошни насади. 

Градот кој го зафати велешко ја побеле почвата  како снег. Последиците  по градинарските производи ќе се чувствуваат  наредниот период на велешкиот пазар. Праксата вели дека по продолжениот празничен викенд ќе започне пријавата па потоа  проценката на штетите кои подоцна треба да минат пред Советот за на крај, во некое догледно време бидат прифатени од Владата и земјоделците обесштетени со одреден процент.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати