В сабота авио-прскање против комарци и во Општина Чашка

Петар Печков

Сабота на  13 јуни  во раните утрински часови од 5 часот до 8 часот на територијата на Општина Чашка, поради заштита од комарци ќе се врши авионска дезинсекција -прскање на населени места и јавни површини, со широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови.

Со авиотретманот ќе бидат опфатени следните населени места: Населба Чашка и низводно на река Тополка, Лисиче, Еловец (оризови насади) низводно на река Тополка, Раковец(Општинска депонија), Отиштино и Бањица, Богомила и низводно на река Бабуна, Согле и низводно на река Бабуна, Теово и низводно на река Бабуна, Оморани и низводно на река Бабуна, Мартолци и низводно на река Бабуна, Извор и низводно на река Изворчица, Мелница и низводно на река Мелница, Лисиче и низводно на река Тополка.

Во случај на промена на временски услови -врнежи, ветер, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден во истиот временски период.

Пожелно е пчеларите во времето на прскање и 3 до 4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати