Петар Печков
Објавено: недела, 05 април 2026
Уште по вториот натпревар одбојкарите на ОК Борец обезбедија финале од плеј-офот за титулата првак. Тие во Струмица го победија истоимениот тим, со 1:3 (25:21, 19:25, 20:25, 20:25). Велешките одбојкари победија во двата натпревари и со тоа заврши полуфиналето. Така по седум години доминација во домашното првенство Македонија ќе добие нов првак, струмичани имаат подмалден состав. Во финалето ќе играат велешани со ОК Штип УГД, кој во полуфиналето го елиминира ОК Работнички со две победи. Финалната серија се игра на три добиени натпревари во серија од пет, а започнува на 18 април од Штип.
Bo последното коло од ТОП 8 на првата кошаркарска лига, пораз за велешки КК Борец баскет во Прилеп од КК мега баскет со 88:74 (39:34). Вторите 20 минути велешани прикажаа слаба игра што резултираше со пораз. По блескавата серија од стартни 5 победи во 5 натпревари, кога беа дел до водечките екипи сите со ист број бодови, пад во играта, па следеа два порази и една тесна победа дома, што резултираше со четврто место. Според познатиот формат во ¼ финалето ќе играат со КК Струмица на два добиени натпревари.
Порази за двете женски екипи во Втората лига. Постариот лигаш ОК Борец загуби во Струмица од ОК Виктори волеј која е 7-мо пласирана со 32 бода, со резултат 3:2 (23, -21, -20, 23, -11). Помладиот лигаш загуби во Скопје од ОК Јанта волеј Бут со 3:0 (24,18,22). По ова претпоследно 25 коло ОК Борец останува 4-ти со 46 бода а ОК Виола волеј е 11-та со 21 бод. Следниот викенд во последното коло ОК Борец игра со шестопласираниот ОК Куманово а ОК Виола волеј со новиот првак ОК Фламинго волеј од Скопје кој од есен ќе игра во Првата лига.
